вторник, 27 септември 2011 г.

Прес конференција пред мечот со Олимпијакос

Жервињо заради повреда на мускулатурата на едната нога,а Кошчиелни заради повреда на зглобот нема да може да игра против Олимпијакос,можеби ке можат во недела.

Венгер:Има голем притисок над играчите во средниот ред без Џек.Тој ке се врати и ке ни помогне да ја завршиме сезоната одлично.
Многу барам од Робин,и тоа тој одлично го извршува.Постигна 26 гола на последните 31 меч.Има уште 2 години од договорот.Тоа е многу време.

Секој знае дека Микел е одличен играч.Тој се вклопи многу добро во тимот.

Имаме почит кон Олимпијакос.Го гледав мечот со Марсеј,и тие навистина одиграа добро.

Артета:Секој сака да победи во ЛШ.Ние знаеме дека го можеме тоа.

Венгер заврши:Беше навистина олеснување што операцијата на Џек помина добро.Медицинскиот тим не направи грешка.

понеделник, 26 септември 2011 г.

Арсен Венгер:Зошто го направив Робин капитен

Венгер го назначи за капитен Робин Ван Перси заради почитта во соблекувалната што ја стекна со однесувањето на теренот и надвор од него.
Холанѓанецот ја презеде капитенската лента летово по заминувањето на Фабрегас во Барселона со што беше уште едно големо постигнување на поранешниот напаѓач на Феенорд,кој во саботата стана 17тиот човек кој постигна 100 или повеке голови за Арсенал.

По натпреварот,Французинот објасни зошто му ја дал улогата на капитен.
„Робин стана зрел од момчето што беше малку емотивно кога дојде тука до човекот што е денес.
Беше тешко да предвидиш,но тој е интелегентен,зборува со паметот и вие исто така можете да зборувате со него.Прима совети и воглавно се разви многу добро.
Мислам дека има комбинација на лидерство на теренот.Тој е технички голем талент,секако,добива и почит од другите.Сега го подобри и другиот дел,а тоа е зборувањето со својот памет.“-кажа менаџерот на топџиите.
„Се сеќавам еднаш ситуација со Лилијам Турам,ме викна во соблекувалната и ми рече јас сум во соблекувалната,но тие не ме слушаат.А,јас му реков,ти го освои Светското Првенство,мора да зборуваш.
Рече,јас не сум обичен играч,па затоа не мислам дека треба да зборувам.Но,тоа е исто така поврзано и со твојата самодоверба“-заврши Венгер.

недела, 25 септември 2011 г.

Манчестер Сити нудат 33 милиони евра за Робин Ван Перси

Манчестер Сити ке испратат понуда од 30 милиони фунти за Ван Перси од Арсенал,доколку клубот и играчот не постигнат нов договор до Јануари.
Изворите блиску до Робин тврдат дека тој е разочаран од заминувањето на Насри и на Фабрегас ова лето.
Ван Перси постигна 2 гола во победата на Арсенал од 3-0 против Болтон во саботата,но ако одлучи да оди по чекорите на поранешните соиграчи,ке му помогне и фактот дека Арсенал го имаше најлошиот старт во домашното првенство во последните 58 години.
Договорот на Ван Перси,вреден 80.000 фунти неделно,истекува во 2013,што значи дека клубот ке мора да го продаде следното лето ако сака повеќе пари да земе од него.
Со договорите на Вермален и на Волкот исо така што истекуваат во 2013,спортскиот директор на Арсенал,Иван Газидис ке мора да го убеди Ван Перси да остане.
Во саботата,Венгер ја потврди важноста на напаѓачот во Арсенал откога Робин го постигна својот 100 гол во дресот на Арсенал,и им ја донесе само втората победа во 6 натпревари во Англија оваа сезона.


Ван Перси имаше понуди да замине и претходно.Тој потпиша нов договор во 2009 година,иако Јувентус,Интер и Челзи сакаа да го видат во своите редови.Но,напаѓачот беше обврзан за Арсенал.
Но,заминувањето на клучни играчи,и немоќноста на Арсенал да држи приклучок со Јунајтед и Сити можеби ке бидат клучен фактор за заминувањето на холандскиот репрезентативец.Тој освои само еден трофеј со Арсенал,воедно и последниот на клубот,ФА Купот во 2005.

ИЗВОР: ДЕЈЛИ МЕЈЛ

четврток, 11 август 2011 г.

Топџиите беа во акција за своите репрезентации вчера[Ривју]

Фудбалерите на Арсенал беа во акција за своите репрезентации во пријателските натпревари пред почетокот на сезоната во Премиер Лигата.
АРОН РЕМЗИ беше капитен на Велс во поразот од Австралија на домашен терен со 2-1.Ремзи излегол од игра на почетокот на второто полувреме.
ЖЕРВИЊО постигна 2 гола во фантастичен меч на Брегот на Слоновата Коска против Израел и победа со 4-3.Жервињо бил заменет по 88 минути игра.
САМИР НАСРИ И БАКАРИ САЊА и двајцата биле стартери на мечот за Франција против Чиле кој завршил 1-1.Насри играл 66 минути,а Сања бил заменет на 9 минути пред крајот.
АНДРЕЈ АРШАВИН играше 31 минута пред да биде заменет заради повреда која не е сериозна.Русија ја победи Србија со 1-0 со голот на Павел Погребњак.
НИКЛАС БЕНТНЕР играше цело прво полувреме за Данскиот состав кој загуби со 2-1 на гостувањето во Шкотска.
ВОЈЧЕЈ ШЧЕЗНИ бранел за Полска во победата на неговата репрезентација со 1-0 против репрезентацијата на Грузија.По информациите Грузијците имале 100% шанса во 61 минута,но Шчезни одлично интервенирал.
ЈОХАН ЏУРУ играше за Швајцарија во победата со 2-1 против Лихтенштајн.Џуру бил заменет во 64 минута.
ТОМАШ РОСИЦКИ играше до 67 минута во поразот на својата селекција од Норвешка на гости со резултат 3-0.
АРМАНД ТРАОРЕ нема инфо за неговиот настап против Мароко,знаеме само дека Сенегал загубиле 0-2.

среда, 6 јули 2011 г.

Дрим Тимот на Арсенал - Стартните 11

Летово,одговорните на Arsenal.com ги прашаа фановите кои би биле според нив идеалните 11-мина на Арсенал.Имало само 2 правила,не смеат играчите да бидат од сегашниот тим,и мораат да бидат во формација 4-4-2.Над 12.000 фанови низ целиот свет гласале и еве како излезе гласањето...

                                                            Голман - Давид Симен
Ли Диксон                                Тони Адамс                Сол Кембел      Најџел Винтербурн
Фреди Љунберг                        Патрик Виера            Лиам Бреди             Роберт Пирес
                                               Денис Бергкамп        Тиери Анри

(формацијата е од десен бек кон лев бек,и од десно крило кон лево крило.значи Диксон е десен бек Винтербурн е лев,Љунберг е десно крило,Пирес е лево)



вторник, 5 јули 2011 г.

Англија прва во својата група на Светското Првенство за жени во Германија

Еве нешто добро.На СП за жени,Англиската фудбалска репрезентација заврши прва во својата група во конкуренција на Јапонија,Нов Зеланд и Мексико,со биланс на 2 победи и еден нерешен резултат.Одлично ги одиграа своите натпревари и фудбалерките на Arsenal Ladies,Елен Вајт,Рејчел Јенки (најискусната во репрезентацијата) и Фаје Вајт (која мислам дека воопшто и не играше).Во видеото погледнете го евроголот со неверојатен лоп на Елен Вајт и голот на Рејчел Јенки.Англија ја победи Јапонија со 2-0,и како првопласирана селекција се пласираше во четвртфиналето.Јенки влезе од резервите на почетокот на второто полувреме.БРАВО ДЕВОЈКИ ВИ ПОСАКУВАМЕ СРЕЌА !!!

Англија - Јапонија (головите и најинтересните моменти)

недела, 3 јули 2011 г.

Насри:Парите никогаш не ми биле мотивација

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал,Самир Насри изјави дека титулите му биле поголема мотивација од парите,одбивајки 90.000 фунти зголемување на платата и продолжување на договорот.
Тој се двоуми дали да се врати во тренинг центарот на Арсенал,за предсезонските пријателски натпревари во Азија,кога и формално ке побара да го напушти клубот.
-Парите никогаш не ми биле мотивација.Секогаш сум ги гледал работите од фудбалска гледна точка-изјави Насри за News Of The World.
-Не сакам да потпишам за клуб,каде нема да го играм фудбалот што го сакам,каде нема да се чувствувам среќно,само заради парите.И така веќе заработувам многу.Приоритетот е да направиш голема кариера и да освојуваш многу титули.Тоа е поважно од се.
-Без титули на твоето конто не можеш да конкурираш за Златната Топка.Дојдов во Англија да освојувам титули затоа што ништо немам освено во кариерата освен Европското Првенство У-17 во 2004.
-Сите ние мора да престанеме да се опуштаме и да почнеме да работиме сериозно - заврши Самир Насри.


ИЗВОР

сабота, 2 јули 2011 г.

Жервињо:Не ме споредувајте со Маруан Шамак

Репрезентативецот на БСК ке биде првото засилување на Венгер летово и тој изјави вчера дека има уште некои мали детали за да се комплетира трансферот од 11 милиони фунти.
-Одам во Лондон.Арсенал е млад тим и таму ке можам да се развивам побрзо и да созревам.-изјави 24 годишникот.
Жервињо ги отфрли дискусиите дека ке се бори за место во првиот тим покрај Робин Ван Перси и Маруан Шамак,чија позиција се очекува да ја завземе.
-Маруан Шамак не ми е проблем,па зошто да ме споредувате со него.Јас ке играм.Ке го играм својот максимум и нема да седам на клупата.
-Арсенал сака да игра.А јас ги обожавам екипите што сакаат да играат.Најголемиот ризик ке биде да постигнувам голови.Во фудбалот секогаш треба да ризикуваш ако сакаш да победиш.Одам во Арсенал за да победувам.- заврши Жервињо.

сабота, 23 април 2011 г.

Сезоната што тешко дека ке се повтори

Немав што да правам во овој период од денот,па решив да ги потсетам постарите обожаватели на фудбалот,и да им покажам на помладите каква беше сезоната 2003/2004 во Премиер Лигата.Таа сезона Арсенал станаа шампиони без ниеден загубен меч со скор од 26 победи и 12 нерешени средби.Постигнаа 73 гола а примаа само 26.Еве ги сите 38 натпревари од таа сезона и стрелците на головите за тогашната ѕвездена генерација на топџиите.


1 коло.
Арсенал 2-1 Евертон (Анри и Пирес)

2 коло.
Мидлсборо 0-4 Арсенал (Анри,Силва и Силваин Вилторд 2 пати)


3 коло.
Арсенал 2-0 Астон Вила(Кембел и Анри)

4 коло.
Манчестер Сити 1-2 Арсенал (Љунберг и Вилторд)

5 коло.
Арсенал 1-1 Портсмут (Анри)

6 коло.
Манчестер Јунајтед 0-0 Арсенал

7 коло.
Арсенал 3-2 Њукасл (Анри 2 пат и Силва)

8 коло.
Ливерпул 1-2 Арсенал (Еду и Пирес)

9 коло.
Арсенал 2-1 Челзи (Еду и Анри)

10 коло
Чарлтон 1-1 Арсенал (Анри)

11 коло.
Лидс 1-4 Арсенал (Анри 2 пати,Пирес и Силва)

12 коло.
Арсенал 2-1 Тотенхем (Пирес и Љунберг)

13 коло.
Бирмингем 0-3 Арсенал (Љунберг,Беркамп и Пирес)

14 коло.
Арсенал 0-0 Фулам

15 коло.
Лестер 1-1 Арсенал (Силва)

16 коло.
Арсенал 1-0 Блекбурн (Беркамп)

17 коло
Болтон 1-1 Арсенал (Пирес)

18 коло
Арсенал 3-0 Волвс (Крадок и Анри 2 пати)

19 коло
Саутемптон 0-1 Арсенал (Пирес)

20 коло
Евертон 1-1 Арсенал (Кану)

21 коло
Арсенал 4-1 Мидлсброу (Анри,Кведру,Пирес и Љунберг)


22 коло
Астон Вила 0-2 Арсенал (Анри 2 пати)


23 коло
Арсенал 2-1 Манчестер Сити (Тарнат и Анри)


24 коло
Волвс 1-3 Арсенал (Беркамп,Анри и Туре)


25 коло
Арсенал 2-0 Саутемптон (Анри 2 пати)


26 коло
Челзи 1-2 Арсенал (Виера и Еду)


27 коло
Арсенал 2-1 Чарлтон (Пирес и Анри)


28 коло
Блекбурн 0-2 Арсенал (Анри и Пирес)


29 коло
Арсенал 2-1 Болтон (Пирес и Беркамп)



ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ НА ПОДВЛЕЧЕНИТЕ НАТПРЕВАРИ,ОВДЕ АРСЕНАЛ ЈА ПОТВРДИЛ ТИТУЛАТА,9 ПОБЕДИ ПО РЕД НА 8 КОЛА ДО КРАЈОТ.ТОА ИМ ТРЕБАШЕ НА СЕГАШНАТА ГЕНЕРАЦИЈА,ЕДНА СЕРИЈА ПРЕД КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА ЗА ДА ЈА ПОТВРДАТ ТИТУЛАТА.

30 коло
Арсенал 1-1 Манчестер Јунајтед (Анри)

31 коло
Портсмут 1-1 Арсенал (Рејес)

32 коло
Арсенал 4-2 Ливерпул (Анри хеттрик и Пирес)

33 коло
Њукасл 0-0 Арсенал

34 коло
Арсенал 5-0 Лидс (Анри 4 гола и Пирес)

35 коло
Тотенхем 2-2 Арсенал (Виера и Пирес)

36 коло
Арсенал 0-0 Бирмингем

37 коло
Фулам 0-1 Арсенал (Рејес)

38 коло
Арсенал 2-1 Лестер (Анри и Виера)



Инаку сезоната 2003/2004 Арсенал загубиле во полуфиналето од ФА Купот од Јунајтед со 0-1,а во ЛШ исто така во полуфиналето биле елиминирани од Челзи со 1-1 на Хајбери и 2-1 пораз на Стенфорд Бриџ.Испаднале во полуфиналето и во Лига Купот од Мидлсборо со 0-1 пораз на Хајбери и 2-1 пораз на Риверсајд Стадионот.Сепак тие 49 натпревари непоразеност биле само во Англиските натпреварувања,сепак Арсенал освоиле така силна лига без пораз.Инаку таа сезона Анри бил најдобар стрелец на Арсенал,постигнал 39 гола вкупно,а во Премиер Лигата,30, и бил најдобар стрелец таа сезона.






http://www.zamunda.net/details.php?id=202238&hit=1

Еве ви линк за да го симнете „хајлајтсот“ од сите натпревари таа сезона во Премиер Лигата (треба прво профил на Замунда да имате)..

петок, 25 март 2011 г.

Вермален:Си ја открив слабоста

Дефанзивецот на Арсенал,Томас Вермален вели дека ја открил слабоста во неговата игра и дека тоа ке му помогне следната сезона да биде подобар.
„Научив многу,додека бев надвор од игра.Ментално сигурно да,но имав време и да ги погледнам моите слабости.Тоа се работи што неможеш да им обрнеш внимание додека играш.
„Ги видов,Барселона,Челзи и Манчестер Јунајтед како играат со Арсенал,и бев многу нервозен што неможев да му помогнам на својот тим.Ги гледав преку ТВ и ја чувствував тензијата - рече Вермален.

четврток, 24 март 2011 г.

Ван Перси:Барселона е многу досаден тим

На напаѓачот на Арсенал, Робин ван Парси не му се допаѓа однесувањето на фудбалерите на Барса на теренот, па тој го оцени шпанскиот гигант како екстремно досаден тим. 

Робин ван Перси во моментов е со холандската репрезентација која се подготвува за квалификацискиот натпревар против Унгарија.
Во разговор за холандскиот De Telegraaf, РВП се навраќа на натпреварот против Барса во кој тој заработи црвен картон.
"Навистина не разбрав зошто се создаде сета таа гужва по фаулот кој го направив врз Лео Меси. Сите беа бесни на мене, но јас на него не стартував поинаку отколку што стартувам врз другите противнички играчи. Никој немаше да се жали доколку го фаулирав Маскерано" - изјави Ван Перси за De Telegraaf.
"Во меѓувреме фудбалерите на Барса негодуваа за се што се случуваше на теренот. Бев разочаран поради тоа. Тоа е нешто што фудбалерите на Челзи го прават во Англија".
"Барселона сеуште е фантастичен тим, но треба да престанат да негодуваат и да се жалат толку многу. Поради тоа стануваат екстремно досадни на теренот".
Сепак Ван Перси има и позитивни зборови за Барселона.
"Имам голема почит за Барселона. Дали некој може да игра подобро од Барселона? Јас повеќе ја ценам Барса од шпанската репрезентација. Како и да е, секој тим може да биде победен. И јас никогаш не сум се почувствувал помалку вреден од фудбалерите на Барса на теренот"

.

понеделник, 21 март 2011 г.

14 топџии со репрезентациите викендов

14 топџии повикани за квалификациските натпревари.
Ван Перси за Холандија(играат против Унгарија 2 пати),
Насри,Клиши и Сања за Франција(играат против Луксембург и Хрватска(пријателска),
Ремзи за Велс(играат против Англија и Шкотска(Nations Купот),
Росицки за Чешка(играат против Шпанија и Лихтенштајн),
Бентнер за Данска(против Норвешка и Словачка(пријателска),
Аршавин за Русија(против Катар(пријателска) и Ерменија),
Вилшир за Англија(Велс и пријателска со Гана),
Ленѕбери и Гибс(англија у21 против Исланд и Данска),
Шамак за Мароко(против Ботсвана и Алжир)
Ебуе за БСК(против Бенин),
Вела за Мексико(против Парагвај и Венецуела.

недела, 13 март 2011 г.

Преостанатите натпревари на Арсенал од сезоната

До крајот на сезоната Арсенал ке игра уште 10 натпревари:
1.ВБА на гости (Сабота 19 март во 16:00)
2.Блекбурн дома(Сабота 2 април во 18:30)
3.Блекпул на гости(Недела 10 април во 14:30)
4.Ливерпул дома(Недела 17 април во 17:00)
5.Тотенхем на гости(Среда 20 април во 20:45)
6.Болтон на гости(Недела 24 април во 17:00)
7.Манчестер Ј. дома (не се знае кога ке се игра заради ЛШ)
8.Стоук на гости(Сабота 7 мај во 16:00)
9.Астон Вила дома(Сабота 14 мај во 16:00)
10.Фулам на гости(Недела 22 мај во 17:00)

Сите се од Премиер Лигата.

СО СРЕКА МОМЦИ !!!!

сабота, 26 февруари 2011 г.

Цеск Фабрегас-Биографија

Отсега па натаму до мечот со Барселона,ке ви даваме биографии на неколку од фудбалерите на Арсенал,(јас ке одберам кои :) ).
Прв на листата е капитенот на Арсенал,Шпанецот Цеск Фабрегас.
Целосното име на Фабрегас е,Францеск Фабрегас Солер.Роден е во Вјасар де Мар,во Каталонија,а кариерата ја започнал во шпанскиот гигант Барселона.На 16 годишна возраст го избркале од школата на каталонците како антиталент,го прибрал Венгер и го направи тоа што е сега.Договорот со Лондонскиот клуб го потпиша на 11 септември, 2003. На почетокот, животот во главниот град на Англија му се виде тежок, но набрзо се спријатели со колегата Филип Сендерос, кој му помогна да се навикне на новата средина. Со своите 16 години, Фабрегас не размислуваше за пробивање во првиот тим, се угледуваше на постарите играчи Патрик Виера и Џилберто Силва и се фокусираше на тренирањето и на изучувањето на Англискиот јазик. Набрзо го изигра и својот прв натпревар за Арсенал, на 23 октомври 2003, на Хајбери во натпревар од Лига Купот против Ротерам Јунајтед. Со тој настап тој стана најмладиот играч кој настапил во првиот тим на Арсенал, на возраст од 16 години и 177 дена. Потоа стана и најмладиот стрелец во историјата на Арсенал со голот во победата од 5:1 против Вулверхемптон, исто така во Лига Купот. Иако Арсенал ја освои лигата без пораз во сезоната 2003–04, на Фабрегас не му беше доделен медал бидејќи не играше ни еден натпревар во лигата.Во седумте сезони во Арсенал,од 2003 до денеска,Фабрегас настапил за Арсенал,295 пати и постигнал 57 голови и 97 асистенции.
Ок,доста Википедија сега малку мое мислење.
Ние сме треба да им бидеме дури и благодарни на Барселона што го исфрли Фабрегас од својата академија.Да не беше исфрлен Цеск од Барселона,да не играл толку лошо за Каталонците,дали сега ке го знаевме,дали ке беше тоа што сега е,носител на играта на Арсенал,капитен.Вистински водач.Млад човек што знае да понесе еден фудбалски гигант како Арсенал и во најтешките моменти да му помага,како на теренот,така и надвор од него.Само уште нема освоено трофеј со Арсенал.Навистина заслужува.Ова младо момче заслужува да му се поклони цела Европа барем еднаш.Верувам дека од тој ден Фабрегас ке биде сосема поинаков на начин на кој што ке дознаеме само ако го видиме.

Карлинг Куп Финале 2011:Арсенал - Бирмингем

Арсенал - Бирмингем,финале на овогодинешното издание на Карлинг Купот или Лига Купот на Англија.Арсенал се без освоен трофеј од 2005 и трофејот во ФА Купот.На Емирати веќе има место за новиот пехар што ке го освои клубот,па да се надеваме дека ке биде пополнето уште утре навечер.
Венгер и фудбалерите се полни со самодоверба пред натпреварот во недела,што за нив е од клучно значење.Што се однесува до повреди,капитенот Цеск Фабрегас ке биде отсутен,на негово место капитен ке биде Робин Ван Перси,а исто така ке биде отсутен и брзото крило Тио Волкот(се повредија на мечот со Стоук во средата).Добри вести е што Кошчиелни се враќа исто така од повредата,Кошчиелни,кој што е лидер сезонава во одбраната на топџиите заедно со Јохан Џуру на стоперските позиции.
Што се однесува до претходните средби на овие два клуба,веке се сретнаа два пати сезонава,на Емирати беше 2-1 за Арсенал,а на Сент Џејмс Парк беше 0-3.
Значи,наше е да навиваме и да се надеваме на победа на Арсенал!
НАПРЕД МОМЦИ!!!!

четврток, 24 февруари 2011 г.

Фабрегас го пропушта финалето од Карлинг Купот,Ван Перси и Кошчиелни би требало да бидат фит

Капитенот на Арсенал,Цеск Фабрегас,ке го пропушти финалето од Карлинг Купот во недела против Бирмингем,по повредата на тетивата што ја здоби во натпреварот со Стоук.Фабрегас излезе уште во 14 минута од натпреварот и одпрво повредата не изгледаше сериозно,бидејки Цеск можеше да оди.
-Повредата е мала,но Цеск ке го нема во недела.Не знам колку време,но до недела минимум-изјави Венгер.

Капитенот не го нема,но затоа најдобриот стрелец на Арсенал сезонава,Холанѓанецот Робин Ван Перси и одличниот стопер,французиот Лорен Кошчиелни се очекува да бидат фит во недела за финалето.И двајцата го пропуштија дуелот од премиер лигата со Стоук во средата,заради мали повреди,па се очекува во недела да можат да го одиграат мечот.
Значи,во недела за финалето на Карлинг Купот,без капитенот Цеск Фабрегас,а со стоперот Кошчиелни,и напаѓачот Робин Ван Перси.

среда, 23 февруари 2011 г.

Арсенал повторно ке купува од Барселона

Според пишувањата на медиумите од Шпанија и Англија, Арсенал е пред ангажман на 16 годишниот талент на Барселона, Џон Мигел Торал Харпер Во 2003 Арсенал направи сличен потег со ангажманот на Цеск Фабрегас, кој под водство на Арсен Венгер прерасна во капитен и главна ѕвезда на ’Топџиите’.
Се верува дека Торал, кој настапува за кадетскиот А тим на Барселона, веќе се сложил за преселба во Лондон и Арсенал на Барселона ќе и плати околу 350 000 евра оштета.
Медиумите од Шпанија велат дека претседателот на Барселона, Сандро Росел не е задоволен поради обидите на Арсенал да ангажира уште еден нивен голем талент, па на оваа тема разговарал со извршниот директор на ’Топџиите’ Иван Газидис кога двата клуба минатата недела се сретнаа на Емирати во рамките на Лигата на Шампионите.
Се говори дека Торал, чија мајка е од Англија, подолго време бил цел на неколку клубови од Премиер Лигата меѓу кои Челзи, Манчестер Сити и Ливерпул.
Торал, кој настапува за селекцијата на Шпанија до 16 години, е опишуван како цврст и технички надарен фудбалер од средниот ред, и негов агент е братот на Пеп Гвардиола, Пере.
Исто така се шпекулира дека Арсенал се обидува да го ангажира и 16 годишниот Серхи Сампер, кој е соиграч на Торал.
Но Сампер не ја прифатил понудата на ’Топџиите’ и решил да продолжи со кариерата на Камп Ноу.

вторник, 22 февруари 2011 г.

Томас Вермален неизвесен и за реваншот со Барселона




Дефанзивецот на Арсенал,Томас Вермален повторно се повреди на првиот негов тренинг по долго време.Изгледа дека обновата на повредата не била сериозна,бидејки требало да игра утре за резервите на мечот под затворени врати против ВБА.Но,Вермален нема да игра утре против гостите од Бирмингем,иако покажал прогрес во заздравувањето.
Арсен Венгер сака Вермален да игра неколку натпревари за резервите пред да се врати во првиот тим.Арсенал имаат уште еден натпревар на резервите покрај овој.Следниот вторник против Вест Хем.
И Вермален,ако игра ке ја има само таа шанса против резервите на Чеканите,да докаже дека е фит за игра и во првиот тим.

понеделник, 21 февруари 2011 г.

Виктор Валдез го пропушта Арсенал

Првиот голман на шпанскиот шампион Барселона,Виктор Валдез,доживеа мала повреда на тренигот на каталонците вчера,но информациите од Шпанија велат дека Валдез ке мора да оди на операција,и ке го нема шест недели,што значи ке го пропушти и важниот реванш со Арсенал во осминафиналето на Лигата на Шампионите.
Тренерот на Барса,Пеп Гвардиола мораше синоќа со Атлетик Билбао да го стави во игра Хозе Мануел Пинто,тој стартуваше прв пат по 2 години.
Оваа вест сигурно ке ги усреќи Арсен Венгер и топџиите,затоа што Барселона веќе е без Џерард Пике заради суспензија.

недела, 20 февруари 2011 г.

ФА Куп:Лејтон Ориент - Арсенал(репорт од натпреварот + голот на Росицки)

Лејтон Ориент 1-1 Арсенал (Росицки 53 мин,Техуе 89 мин)
Изедначувачкиот погодок на Лејтон против Арсенал во 89 минута,значи дека топџиите ке мора задачата во осминафиналето на ФА Купот да ја решат на Емирати за 10 дена.Неочекувано тежок натпревар за Арсенал против 52 места послабо пласираниот тим од третата лига по квалитет на Англија.Арсенал имаа неколку шанси во првото полувреме,онаа најдобра на Маруане Шамак,но Мароканецот ја промаши топката.Во второто полувреме иста приказна,се до 53 минута додека Бентнер не асистираше со добар центаршут на Томас Росицки,и Чехот со глава ја затресе мрежата на домакините.Арсенал го чуваа резултатот паметно,но по една грешка на стоперите во 89 минута напаѓачот на Лејтон Ориент,Џонатан Техуе ја затресе мрежата на Мануел Алмунија.Се на се,1-1 Лејтон Ориент - Арсенал.Ке се игра на Емирати на 2 март повторен натпревар.Победникот оди на Манчестер Јунајтед.

Голот на Томас Росицки

Робин Ван Перси верен на Арсенал





Робин Ван Перси откри дека неможе да замисли како го напушта Арсенал бидејки сака да остане во клубот уште долго време,и сака да освојува титули.
Тој беше повреден сезонава долго време,но штом се врати веднаш во 9 натпревари постигна 10 гола во 5 натпревари во премиер лигата постигна 10 погодоци,и е во добра форма.Беше стрелец на 1 гол и во Лигата на Шампионите,оној со Барселона.
-Мислам дека некои луѓе ме заборавија.Го почувствував тоа кога го постигнав хет-трикот со Виган.Го имав чувството дека некои луге беа изненадени што се вратив воопшто и го постигнав се тоа за мојот клуб.-рече Ван Перси за англискиот Дејли Мејл.
-Да прочиташ неколку статии беше интересно,бидејки очигледно некои луѓе не мислеа дека ке се вратам од повредата,и ке бидам добар играч како порано.По мое мислење,тоа и немаше да се случи,но недостатокот на очекувања кај луѓето ми даде време да се вратам.
-Кога не играш луѓето можат да те заборават брзо.Секогаш има нов играч,нова работа,фудбалот може да се смени во еден натпревар.Сега,кога се вратив со неколку голови,тоа е нова приказна за луѓето,и новинарите може да кажат:„Тој може да ги направи Арсенал шампиони,“но не е во тоа работата-заврши Робин.

сабота, 19 февруари 2011 г.

ФА Куп:Лејтон Ориент - Арсенал

Топџиите го добија најлесниот можен противник во осминафиналето во ФА Купот , освен Кроли Таун(тој се падна со Манчестер Јунајтед).И без навреда до нив,но ова е голема леснотија за Арсенал.Топџиите треба да патуваат точно 9 километри низ Лондон за да стигнат до овој стадион кој е со капацитет од 9721 седиште.
Венгер нема загубено натпревар од тим што игра под второлигашки ранк,во 25 натпревари.
-Секогаш се трудиме да се подготвиме одлично.Тоа ти дава сила за да играш на големо ниво,но не ти гарантира дека ке одиш понатаму.Ова е шармот на играта.За да бидеш успешен,треба да победуваш на вакви натпревари.Ги гледавме на натпреварот со МК Донс,имаат добар лев бек и напаѓач кој што изгледа опасно,Алекс Ревел-вели Арсен.

Неверојатно,Џуру веке беше отпишан од игра на овој натпревар,но ке го игра ако е фит.Себастиен Скилачи ке се врати,Бакари Сања,секако игра,а Диаби уште ја трпи казната.
-Џуру има тест во сабота.Ке го ставам Скилачи,а потоа ке видиме дали ке игра Џуру или Кошчиелни.Кошчиелни беше преизморен,затоа ако мора да бирам ке го бирам Џуру.

Со важен натпревар во среда,и финале на Карлинг Куп следната недела,Венгер секако дека ке прави измени во составот.Затоа е важно како топџиите ке го одработат овој период.Се е во нивни раце.

Венгер планира да купи двајца фудбалери на Ајакс

Арсенал планира да направи двоен трансфер,обезбедувајќи ги потписите на дуото од холандски Ајакс, Мартен Стекеленбург и Јан Фертонген. За Стекеленбург се знае дека е меѓу трансферите планови и на уште еден англиски тим - Манчестер Јунајтед, па битката за потписот ќе биде навистина жестока.

Искусниот голман е планиран како заменик на Едвин Ван Дер Сар, а Сер Алекс се уште не открива дали има преговори со новиот Холанѓанец. 28-годишниот голман е посакуван и од Арсенал , па се очекува Арсен Венгер да стори сé што е можно за да го донесе во своите редови. 
Со трансфер на "Емирати" е поврзан и универзалниот дефанзивец Јан Фертонген, кој може да игра како во одбраната така и во средниот ред. Тој би ги чинел лондончани 8 милиони евра.

Лорен Кошчиелни доби пофалба од легендата на Арсенал




Одличните натпревари на стоперот на Арсенал,Лорен Кошчиелни во неговата прва сезона како играч на Арсенал,го импресионираа Мартин Кеон,еден од најдобрите дефанзивци на Арсенал во историјата.
Кошчиелни дојде на Емирати,од Лориент летово,oдигрувајки само еден натпревар за францускиот прволигаш,но брзо се прилагоди на англискиот фудбал.
Кеон признава дека не очекувал од Кошчиелни,толку добри партии,но тој одлично се прилагодил со партнерство со Јохан Џуру на стоперските позиции.
-Можеби доби црвен картон со Ливерпул на своето деби,но Лорен многу ме импресионира со своите настапи за Арсенал сезонава-рече Кеон.
-Венгер сигурно го купи со таа замисла.Дека нема да го игра многу токму затоа што е малку стар за Арсенал,но повредата на Томас Вермален му даде шанса,а тоа ја подобри неговата игра.

Повредата што го задржа Вермален шест месеци вон терените,им овозможи на Кошчиелни и Џуру да се покажат,но Кеон очекува дека штом Вермален ке се врати,тој ке биде прв избор на Венгер веднаш покрај Кошчиелни.
Кеон додаде:Тој и Вермален,ке формираат добро партнерство,кое е добро технички и игра цврсто,што е подобро отколку да бидеш физички добар деновиве.

петок, 18 февруари 2011 г.

Венгер - Ќе бидеме фокусирани на Ориент

 
Арсен Венгер вели дека на Лејтон Ориент ке му се посветат исто толку,колку и на Барселона.
-Можеме да здобиеме повеќе почит ако играме на исто ниво со Лејтон Ориент како и со Барселона,тогаш луѓето ке велат дека Арсенал е подготвен да освојува титули-вели Венгер.
Ако си тим што се бори за титула на секое поле,тогаш мора да си 100 проценти фокусиран на секој натпревар-надополни Арсен.
Медиумите на сите натпревари им даваат различно значење,но за нас е најважно да освојуваме трофеи,и да играме на секој фронт со иста посветеност.

Јохан Џуру можеби ке биде спремен за Лејтон Ориент



Стоперот на Арсенал,Јохан Џуру,можеби ке биде во можност да игра на мечот со Лејтон Ориент во недела попладне,денеска изјавија од Емирати.Тео Волкот е подготвен за игра,иако се мачеше малку со повреда.Бакари Сања исто така се враќа по суспензијата.
-Нема нови повреди.Џуру се чувствува многу подобро отколку што очекувавме,а Диаби е суспендиран,но и да не беше немаше да игра бидејки не е подготвен доволно-изјави Венгер

Арсенал 11 години нема испаднато во нокаут фазата во Лигата на Шампионите




Тимот на Арсен Венгер,Арсенал веке 11 година по ред не излегува во првата рунда(групната фаза,односно првата групна фаза според тогашниот формат на натпреварување)од Лигата на Шампионите.Топџиите,последен пат излегле од првата фаза од Лигата на Шампионите во сезоната 1999/2000 кога пред нив завршиле Барселона и Фиорентина.



Арсенал,оваа споменатата сезона 1999/2000 ја заврши на третото место на групата Б.Топџиите ја совладаа АИК Солна во два наврата,играа нерешено,со Барселона и Фиорентина,а двата пораза ги доживеаја на Вембли од Барса и Фиорентина.Тоа беше воедно и последната сезона во која Арсенал не ја виде втората рунда од натпреварите.

Следната сезона (2000/2001) Арсенал ја заврши на првото место во групата Б пред Лацио,Шахтар и Спарта со 13 освоени бодови.Во втората фаза на натпреварите завршија на второто место во новоформираната група Ц позади Баерн,а пред Лион и Спартак од Москва.Во четврт-финалето биле елиминирани од Валенсија(финалистот таа сезона) со 2-1 и 0-1.Одлучил голот на гости на Шпанците.

Во сезоната 2001/02,Арсенал завршил како второпласиран тим во групата Ц со 9 бодови,позади Панатинаикос а пред Мајорка и Шалке.Во втората рунда биле елиминирани бидејки завршиле како третопласирана екипа во групата Д,позади Леверкузен и Депортиво,а пред Јувентус.
Следната сезона биле победници на групата А.Топџиите освоија 10 бодови и својот настап во оваа група го завршиле пред Оксер,ПСВ и Борусија Дортмунд.Во следната рунда повторно беа елиминирани бидејки настапот во новоформираната група го завршиле позади Валенсија и Ајакс,а пред Рома.

Сезоната 2003/2004 укинат е форматот втора групна фаза.Така,Арсенал биле победници во групата Б со 10 бодови,завршиле пред Локомотива,Интер и Динамо Киев.Во осмина финалето подобри сме биле од Селта Виго од Шпанија со 3-2 и 2-0,а сме биле елиминирани од градскиот ривал Челзи.Било 1-1 и 1-2.

Сезоната 2004/2005 нашиот тим победил во групата Е кога завршиле пред ПСВ,Панатинаикос и Розенборг.Во осмина финалето подобри од Арсенал биле Баерн Минхен.

Потоа доаѓа најуспешната сезона во Лигата на Шампионите.Сезоната 2005/06.Арсенал бил победник на групата Б со 16 освоени бодови.Завршиле пред Ајакс,Тун и Спарта.Тиери Анри станал и официјално најдобар стрелец на клубот во оваа сезона и тоа токму на мечот во Прага против Спарта.Арсенал во oсмина финалето го помина Реал Мадрид,во тој легендарен двомеч во кој Анри ги издрибла четворицата одбрамбени играчи на Кралскиот Клуб и го матираше Касилјас,и тоа во Мадрид,на Сантијаго Бернабе.Во четвртфиналето падна Јувентус.Беше 2-0 и 0-0.Во полуфиналето против Виљареал било 1-0 на Хајбери,а на Ел Мадригал во Шпанија било 0-0 до последната минута кога Леман му одбранил пенал на Рикелме и го одвел Арсенал во големото финале,прв пат во нивната историја.Во финалето загубивме од Барселона со 2-1.Во сезоната во која што вкупно до финалето примивме 2 гола,во финалето примивме 2 гола за 13 минути од Блауграна.Штета!

Наредната година,Арсенал повторно бил сопрен во осмина финалето.Завршиле како победници во групата Г пред Порто,ЦСКА и Хамбургер.Во осмина финалето несреќно биле поразени од ПСВ со 1-0 и 1-1.

Во сезоната 2007/08 Арсенал групната фаза ја завршил како второпласиран тим позади Севиља,а пред Славија(која ја победивме 7-0 на Емирати) и пред Стеауа.Во осмина финалето го елиминиравме големиот Милан со 0-0 на Емирати и погодоци на Фабрегас од триесетина метри и Адебајор,на Сан Сиро.Елиминрани бевме во четвртфиналето од Ливерпул(1-1 на Емирати и на Енфилд Роуд 4-2).

Наредната сезона,топџиите беа повторно втори пред Порто,Динамо Киев и Фенербахче.Во осмина финалето ја елиминравме Рома во епски двомеч.1-0 на Емирати и 1-0 пораз на Олимпискиот стадион во Рим.Победа од 7-6 на пенали.Во четвртфиналето победа против Виљареал (1-1 и 3-0) а потоа двоен пораз од Јунајтед(1-0 и 1-3).

Минатата сезона бевме победници во групата Х со 13 бодови,пред Олимпијакос,Стандард и АЗ Алкмар.Во осмина финалето го победивме Порто(1-2 и 5-0),за да во четвртфиналето не елиминира Барселона (2-2 на Емирати и пораз од 4-1 на Камп Ноу).


Ова е значи,единаестта сезона како Арсенал ја поминува првата фаза во Лигата на Шампионите.Сега не чека реваншот со Барселона,и да се надеваме дека повторно ке поминеме во четвртфиналето.

Добредојдовте на Arsenal The Pride Of London-Македонија

Добредојдовте на Arsenal The Pride Of London-Македонија блогот.Овде ке постираме најнови информации околу фудбалскиот клуб од Англија,Арсенал.

Поздрав,и следете не на Фејсбук

http://www.facebook.com/pages/Arsenal-The-Pride-Of-London/120467194675726?v=wall