сабота, 19 февруари 2011 г.

Лорен Кошчиелни доби пофалба од легендата на Арсенал




Одличните натпревари на стоперот на Арсенал,Лорен Кошчиелни во неговата прва сезона како играч на Арсенал,го импресионираа Мартин Кеон,еден од најдобрите дефанзивци на Арсенал во историјата.
Кошчиелни дојде на Емирати,од Лориент летово,oдигрувајки само еден натпревар за францускиот прволигаш,но брзо се прилагоди на англискиот фудбал.
Кеон признава дека не очекувал од Кошчиелни,толку добри партии,но тој одлично се прилагодил со партнерство со Јохан Џуру на стоперските позиции.
-Можеби доби црвен картон со Ливерпул на своето деби,но Лорен многу ме импресионира со своите настапи за Арсенал сезонава-рече Кеон.
-Венгер сигурно го купи со таа замисла.Дека нема да го игра многу токму затоа што е малку стар за Арсенал,но повредата на Томас Вермален му даде шанса,а тоа ја подобри неговата игра.

Повредата што го задржа Вермален шест месеци вон терените,им овозможи на Кошчиелни и Џуру да се покажат,но Кеон очекува дека штом Вермален ке се врати,тој ке биде прв избор на Венгер веднаш покрај Кошчиелни.
Кеон додаде:Тој и Вермален,ке формираат добро партнерство,кое е добро технички и игра цврсто,што е подобро отколку да бидеш физички добар деновиве.

Нема коментари:

Објави коментар