Изедначувачкиот погодок на Лејтон против Арсенал во 89 минута,значи дека топџиите ке мора задачата во осминафиналето на ФА Купот да ја решат на Емирати за 10 дена.Неочекувано тежок натпревар за Арсенал против 52 места послабо пласираниот тим од третата лига по квалитет на Англија.Арсенал имаа неколку шанси во првото полувреме,онаа најдобра на Маруане Шамак,но Мароканецот ја промаши топката.Во второто полувреме иста приказна,се до 53 минута додека Бентнер не асистираше со добар центаршут на Томас Росицки,и Чехот со глава ја затресе мрежата на домакините.Арсенал го чуваа резултатот паметно,но по една грешка на стоперите во 89 минута напаѓачот на Лејтон Ориент,Џонатан Техуе ја затресе мрежата на Мануел Алмунија.Се на се,1-1 Лејтон Ориент - Арсенал.Ке се игра на Емирати на 2 март повторен натпревар.Победникот оди на Манчестер Јунајтед.
Голот на Томас Росицки
Нема коментари:
Објави коментар