четврток, 24 февруари 2011 г.

Фабрегас го пропушта финалето од Карлинг Купот,Ван Перси и Кошчиелни би требало да бидат фит

Капитенот на Арсенал,Цеск Фабрегас,ке го пропушти финалето од Карлинг Купот во недела против Бирмингем,по повредата на тетивата што ја здоби во натпреварот со Стоук.Фабрегас излезе уште во 14 минута од натпреварот и одпрво повредата не изгледаше сериозно,бидејки Цеск можеше да оди.
-Повредата е мала,но Цеск ке го нема во недела.Не знам колку време,но до недела минимум-изјави Венгер.

Капитенот не го нема,но затоа најдобриот стрелец на Арсенал сезонава,Холанѓанецот Робин Ван Перси и одличниот стопер,французиот Лорен Кошчиелни се очекува да бидат фит во недела за финалето.И двајцата го пропуштија дуелот од премиер лигата со Стоук во средата,заради мали повреди,па се очекува во недела да можат да го одиграат мечот.
Значи,во недела за финалето на Карлинг Купот,без капитенот Цеск Фабрегас,а со стоперот Кошчиелни,и напаѓачот Робин Ван Перси.

Нема коментари:

Објави коментар