среда, 23 февруари 2011 г.

Арсенал повторно ке купува од Барселона

Според пишувањата на медиумите од Шпанија и Англија, Арсенал е пред ангажман на 16 годишниот талент на Барселона, Џон Мигел Торал Харпер Во 2003 Арсенал направи сличен потег со ангажманот на Цеск Фабрегас, кој под водство на Арсен Венгер прерасна во капитен и главна ѕвезда на ’Топџиите’.
Се верува дека Торал, кој настапува за кадетскиот А тим на Барселона, веќе се сложил за преселба во Лондон и Арсенал на Барселона ќе и плати околу 350 000 евра оштета.
Медиумите од Шпанија велат дека претседателот на Барселона, Сандро Росел не е задоволен поради обидите на Арсенал да ангажира уште еден нивен голем талент, па на оваа тема разговарал со извршниот директор на ’Топџиите’ Иван Газидис кога двата клуба минатата недела се сретнаа на Емирати во рамките на Лигата на Шампионите.
Се говори дека Торал, чија мајка е од Англија, подолго време бил цел на неколку клубови од Премиер Лигата меѓу кои Челзи, Манчестер Сити и Ливерпул.
Торал, кој настапува за селекцијата на Шпанија до 16 години, е опишуван како цврст и технички надарен фудбалер од средниот ред, и негов агент е братот на Пеп Гвардиола, Пере.
Исто така се шпекулира дека Арсенал се обидува да го ангажира и 16 годишниот Серхи Сампер, кој е соиграч на Торал.
Но Сампер не ја прифатил понудата на ’Топџиите’ и решил да продолжи со кариерата на Камп Ноу.

Нема коментари:

Објави коментар