четврток, 24 март 2011 г.

Ван Перси:Барселона е многу досаден тим

На напаѓачот на Арсенал, Робин ван Парси не му се допаѓа однесувањето на фудбалерите на Барса на теренот, па тој го оцени шпанскиот гигант како екстремно досаден тим. 

Робин ван Перси во моментов е со холандската репрезентација која се подготвува за квалификацискиот натпревар против Унгарија.
Во разговор за холандскиот De Telegraaf, РВП се навраќа на натпреварот против Барса во кој тој заработи црвен картон.
"Навистина не разбрав зошто се создаде сета таа гужва по фаулот кој го направив врз Лео Меси. Сите беа бесни на мене, но јас на него не стартував поинаку отколку што стартувам врз другите противнички играчи. Никој немаше да се жали доколку го фаулирав Маскерано" - изјави Ван Перси за De Telegraaf.
"Во меѓувреме фудбалерите на Барса негодуваа за се што се случуваше на теренот. Бев разочаран поради тоа. Тоа е нешто што фудбалерите на Челзи го прават во Англија".
"Барселона сеуште е фантастичен тим, но треба да престанат да негодуваат и да се жалат толку многу. Поради тоа стануваат екстремно досадни на теренот".
Сепак Ван Перси има и позитивни зборови за Барселона.
"Имам голема почит за Барселона. Дали некој може да игра подобро од Барселона? Јас повеќе ја ценам Барса од шпанската репрезентација. Како и да е, секој тим може да биде победен. И јас никогаш не сум се почувствувал помалку вреден од фудбалерите на Барса на теренот"

.

Нема коментари:

Објави коментар