сабота, 26 февруари 2011 г.

Цеск Фабрегас-Биографија

Отсега па натаму до мечот со Барселона,ке ви даваме биографии на неколку од фудбалерите на Арсенал,(јас ке одберам кои :) ).
Прв на листата е капитенот на Арсенал,Шпанецот Цеск Фабрегас.
Целосното име на Фабрегас е,Францеск Фабрегас Солер.Роден е во Вјасар де Мар,во Каталонија,а кариерата ја започнал во шпанскиот гигант Барселона.На 16 годишна возраст го избркале од школата на каталонците како антиталент,го прибрал Венгер и го направи тоа што е сега.Договорот со Лондонскиот клуб го потпиша на 11 септември, 2003. На почетокот, животот во главниот град на Англија му се виде тежок, но набрзо се спријатели со колегата Филип Сендерос, кој му помогна да се навикне на новата средина. Со своите 16 години, Фабрегас не размислуваше за пробивање во првиот тим, се угледуваше на постарите играчи Патрик Виера и Џилберто Силва и се фокусираше на тренирањето и на изучувањето на Англискиот јазик. Набрзо го изигра и својот прв натпревар за Арсенал, на 23 октомври 2003, на Хајбери во натпревар од Лига Купот против Ротерам Јунајтед. Со тој настап тој стана најмладиот играч кој настапил во првиот тим на Арсенал, на возраст од 16 години и 177 дена. Потоа стана и најмладиот стрелец во историјата на Арсенал со голот во победата од 5:1 против Вулверхемптон, исто така во Лига Купот. Иако Арсенал ја освои лигата без пораз во сезоната 2003–04, на Фабрегас не му беше доделен медал бидејќи не играше ни еден натпревар во лигата.Во седумте сезони во Арсенал,од 2003 до денеска,Фабрегас настапил за Арсенал,295 пати и постигнал 57 голови и 97 асистенции.
Ок,доста Википедија сега малку мое мислење.
Ние сме треба да им бидеме дури и благодарни на Барселона што го исфрли Фабрегас од својата академија.Да не беше исфрлен Цеск од Барселона,да не играл толку лошо за Каталонците,дали сега ке го знаевме,дали ке беше тоа што сега е,носител на играта на Арсенал,капитен.Вистински водач.Млад човек што знае да понесе еден фудбалски гигант како Арсенал и во најтешките моменти да му помага,како на теренот,така и надвор од него.Само уште нема освоено трофеј со Арсенал.Навистина заслужува.Ова младо момче заслужува да му се поклони цела Европа барем еднаш.Верувам дека од тој ден Фабрегас ке биде сосема поинаков на начин на кој што ке дознаеме само ако го видиме.

Карлинг Куп Финале 2011:Арсенал - Бирмингем

Арсенал - Бирмингем,финале на овогодинешното издание на Карлинг Купот или Лига Купот на Англија.Арсенал се без освоен трофеј од 2005 и трофејот во ФА Купот.На Емирати веќе има место за новиот пехар што ке го освои клубот,па да се надеваме дека ке биде пополнето уште утре навечер.
Венгер и фудбалерите се полни со самодоверба пред натпреварот во недела,што за нив е од клучно значење.Што се однесува до повреди,капитенот Цеск Фабрегас ке биде отсутен,на негово место капитен ке биде Робин Ван Перси,а исто така ке биде отсутен и брзото крило Тио Волкот(се повредија на мечот со Стоук во средата).Добри вести е што Кошчиелни се враќа исто така од повредата,Кошчиелни,кој што е лидер сезонава во одбраната на топџиите заедно со Јохан Џуру на стоперските позиции.
Што се однесува до претходните средби на овие два клуба,веке се сретнаа два пати сезонава,на Емирати беше 2-1 за Арсенал,а на Сент Џејмс Парк беше 0-3.
Значи,наше е да навиваме и да се надеваме на победа на Арсенал!
НАПРЕД МОМЦИ!!!!

четврток, 24 февруари 2011 г.

Фабрегас го пропушта финалето од Карлинг Купот,Ван Перси и Кошчиелни би требало да бидат фит

Капитенот на Арсенал,Цеск Фабрегас,ке го пропушти финалето од Карлинг Купот во недела против Бирмингем,по повредата на тетивата што ја здоби во натпреварот со Стоук.Фабрегас излезе уште во 14 минута од натпреварот и одпрво повредата не изгледаше сериозно,бидејки Цеск можеше да оди.
-Повредата е мала,но Цеск ке го нема во недела.Не знам колку време,но до недела минимум-изјави Венгер.

Капитенот не го нема,но затоа најдобриот стрелец на Арсенал сезонава,Холанѓанецот Робин Ван Перси и одличниот стопер,французиот Лорен Кошчиелни се очекува да бидат фит во недела за финалето.И двајцата го пропуштија дуелот од премиер лигата со Стоук во средата,заради мали повреди,па се очекува во недела да можат да го одиграат мечот.
Значи,во недела за финалето на Карлинг Купот,без капитенот Цеск Фабрегас,а со стоперот Кошчиелни,и напаѓачот Робин Ван Перси.

среда, 23 февруари 2011 г.

Арсенал повторно ке купува од Барселона

Според пишувањата на медиумите од Шпанија и Англија, Арсенал е пред ангажман на 16 годишниот талент на Барселона, Џон Мигел Торал Харпер Во 2003 Арсенал направи сличен потег со ангажманот на Цеск Фабрегас, кој под водство на Арсен Венгер прерасна во капитен и главна ѕвезда на ’Топџиите’.
Се верува дека Торал, кој настапува за кадетскиот А тим на Барселона, веќе се сложил за преселба во Лондон и Арсенал на Барселона ќе и плати околу 350 000 евра оштета.
Медиумите од Шпанија велат дека претседателот на Барселона, Сандро Росел не е задоволен поради обидите на Арсенал да ангажира уште еден нивен голем талент, па на оваа тема разговарал со извршниот директор на ’Топџиите’ Иван Газидис кога двата клуба минатата недела се сретнаа на Емирати во рамките на Лигата на Шампионите.
Се говори дека Торал, чија мајка е од Англија, подолго време бил цел на неколку клубови од Премиер Лигата меѓу кои Челзи, Манчестер Сити и Ливерпул.
Торал, кој настапува за селекцијата на Шпанија до 16 години, е опишуван како цврст и технички надарен фудбалер од средниот ред, и негов агент е братот на Пеп Гвардиола, Пере.
Исто така се шпекулира дека Арсенал се обидува да го ангажира и 16 годишниот Серхи Сампер, кој е соиграч на Торал.
Но Сампер не ја прифатил понудата на ’Топџиите’ и решил да продолжи со кариерата на Камп Ноу.

вторник, 22 февруари 2011 г.

Томас Вермален неизвесен и за реваншот со Барселона




Дефанзивецот на Арсенал,Томас Вермален повторно се повреди на првиот негов тренинг по долго време.Изгледа дека обновата на повредата не била сериозна,бидејки требало да игра утре за резервите на мечот под затворени врати против ВБА.Но,Вермален нема да игра утре против гостите од Бирмингем,иако покажал прогрес во заздравувањето.
Арсен Венгер сака Вермален да игра неколку натпревари за резервите пред да се врати во првиот тим.Арсенал имаат уште еден натпревар на резервите покрај овој.Следниот вторник против Вест Хем.
И Вермален,ако игра ке ја има само таа шанса против резервите на Чеканите,да докаже дека е фит за игра и во првиот тим.

понеделник, 21 февруари 2011 г.

Виктор Валдез го пропушта Арсенал

Првиот голман на шпанскиот шампион Барселона,Виктор Валдез,доживеа мала повреда на тренигот на каталонците вчера,но информациите од Шпанија велат дека Валдез ке мора да оди на операција,и ке го нема шест недели,што значи ке го пропушти и важниот реванш со Арсенал во осминафиналето на Лигата на Шампионите.
Тренерот на Барса,Пеп Гвардиола мораше синоќа со Атлетик Билбао да го стави во игра Хозе Мануел Пинто,тој стартуваше прв пат по 2 години.
Оваа вест сигурно ке ги усреќи Арсен Венгер и топџиите,затоа што Барселона веќе е без Џерард Пике заради суспензија.

недела, 20 февруари 2011 г.

ФА Куп:Лејтон Ориент - Арсенал(репорт од натпреварот + голот на Росицки)

Лејтон Ориент 1-1 Арсенал (Росицки 53 мин,Техуе 89 мин)
Изедначувачкиот погодок на Лејтон против Арсенал во 89 минута,значи дека топџиите ке мора задачата во осминафиналето на ФА Купот да ја решат на Емирати за 10 дена.Неочекувано тежок натпревар за Арсенал против 52 места послабо пласираниот тим од третата лига по квалитет на Англија.Арсенал имаа неколку шанси во првото полувреме,онаа најдобра на Маруане Шамак,но Мароканецот ја промаши топката.Во второто полувреме иста приказна,се до 53 минута додека Бентнер не асистираше со добар центаршут на Томас Росицки,и Чехот со глава ја затресе мрежата на домакините.Арсенал го чуваа резултатот паметно,но по една грешка на стоперите во 89 минута напаѓачот на Лејтон Ориент,Џонатан Техуе ја затресе мрежата на Мануел Алмунија.Се на се,1-1 Лејтон Ориент - Арсенал.Ке се игра на Емирати на 2 март повторен натпревар.Победникот оди на Манчестер Јунајтед.

Голот на Томас Росицки

Робин Ван Перси верен на Арсенал





Робин Ван Перси откри дека неможе да замисли како го напушта Арсенал бидејки сака да остане во клубот уште долго време,и сака да освојува титули.
Тој беше повреден сезонава долго време,но штом се врати веднаш во 9 натпревари постигна 10 гола во 5 натпревари во премиер лигата постигна 10 погодоци,и е во добра форма.Беше стрелец на 1 гол и во Лигата на Шампионите,оној со Барселона.
-Мислам дека некои луѓе ме заборавија.Го почувствував тоа кога го постигнав хет-трикот со Виган.Го имав чувството дека некои луге беа изненадени што се вратив воопшто и го постигнав се тоа за мојот клуб.-рече Ван Перси за англискиот Дејли Мејл.
-Да прочиташ неколку статии беше интересно,бидејки очигледно некои луѓе не мислеа дека ке се вратам од повредата,и ке бидам добар играч како порано.По мое мислење,тоа и немаше да се случи,но недостатокот на очекувања кај луѓето ми даде време да се вратам.
-Кога не играш луѓето можат да те заборават брзо.Секогаш има нов играч,нова работа,фудбалот може да се смени во еден натпревар.Сега,кога се вратив со неколку голови,тоа е нова приказна за луѓето,и новинарите може да кажат:„Тој може да ги направи Арсенал шампиони,“но не е во тоа работата-заврши Робин.

сабота, 19 февруари 2011 г.

ФА Куп:Лејтон Ориент - Арсенал

Топџиите го добија најлесниот можен противник во осминафиналето во ФА Купот , освен Кроли Таун(тој се падна со Манчестер Јунајтед).И без навреда до нив,но ова е голема леснотија за Арсенал.Топџиите треба да патуваат точно 9 километри низ Лондон за да стигнат до овој стадион кој е со капацитет од 9721 седиште.
Венгер нема загубено натпревар од тим што игра под второлигашки ранк,во 25 натпревари.
-Секогаш се трудиме да се подготвиме одлично.Тоа ти дава сила за да играш на големо ниво,но не ти гарантира дека ке одиш понатаму.Ова е шармот на играта.За да бидеш успешен,треба да победуваш на вакви натпревари.Ги гледавме на натпреварот со МК Донс,имаат добар лев бек и напаѓач кој што изгледа опасно,Алекс Ревел-вели Арсен.

Неверојатно,Џуру веке беше отпишан од игра на овој натпревар,но ке го игра ако е фит.Себастиен Скилачи ке се врати,Бакари Сања,секако игра,а Диаби уште ја трпи казната.
-Џуру има тест во сабота.Ке го ставам Скилачи,а потоа ке видиме дали ке игра Џуру или Кошчиелни.Кошчиелни беше преизморен,затоа ако мора да бирам ке го бирам Џуру.

Со важен натпревар во среда,и финале на Карлинг Куп следната недела,Венгер секако дека ке прави измени во составот.Затоа е важно како топџиите ке го одработат овој период.Се е во нивни раце.

Венгер планира да купи двајца фудбалери на Ајакс

Арсенал планира да направи двоен трансфер,обезбедувајќи ги потписите на дуото од холандски Ајакс, Мартен Стекеленбург и Јан Фертонген. За Стекеленбург се знае дека е меѓу трансферите планови и на уште еден англиски тим - Манчестер Јунајтед, па битката за потписот ќе биде навистина жестока.

Искусниот голман е планиран како заменик на Едвин Ван Дер Сар, а Сер Алекс се уште не открива дали има преговори со новиот Холанѓанец. 28-годишниот голман е посакуван и од Арсенал , па се очекува Арсен Венгер да стори сé што е можно за да го донесе во своите редови. 
Со трансфер на "Емирати" е поврзан и универзалниот дефанзивец Јан Фертонген, кој може да игра како во одбраната така и во средниот ред. Тој би ги чинел лондончани 8 милиони евра.

Лорен Кошчиелни доби пофалба од легендата на Арсенал




Одличните натпревари на стоперот на Арсенал,Лорен Кошчиелни во неговата прва сезона како играч на Арсенал,го импресионираа Мартин Кеон,еден од најдобрите дефанзивци на Арсенал во историјата.
Кошчиелни дојде на Емирати,од Лориент летово,oдигрувајки само еден натпревар за францускиот прволигаш,но брзо се прилагоди на англискиот фудбал.
Кеон признава дека не очекувал од Кошчиелни,толку добри партии,но тој одлично се прилагодил со партнерство со Јохан Џуру на стоперските позиции.
-Можеби доби црвен картон со Ливерпул на своето деби,но Лорен многу ме импресионира со своите настапи за Арсенал сезонава-рече Кеон.
-Венгер сигурно го купи со таа замисла.Дека нема да го игра многу токму затоа што е малку стар за Арсенал,но повредата на Томас Вермален му даде шанса,а тоа ја подобри неговата игра.

Повредата што го задржа Вермален шест месеци вон терените,им овозможи на Кошчиелни и Џуру да се покажат,но Кеон очекува дека штом Вермален ке се врати,тој ке биде прв избор на Венгер веднаш покрај Кошчиелни.
Кеон додаде:Тој и Вермален,ке формираат добро партнерство,кое е добро технички и игра цврсто,што е подобро отколку да бидеш физички добар деновиве.

петок, 18 февруари 2011 г.

Венгер - Ќе бидеме фокусирани на Ориент

 
Арсен Венгер вели дека на Лејтон Ориент ке му се посветат исто толку,колку и на Барселона.
-Можеме да здобиеме повеќе почит ако играме на исто ниво со Лејтон Ориент како и со Барселона,тогаш луѓето ке велат дека Арсенал е подготвен да освојува титули-вели Венгер.
Ако си тим што се бори за титула на секое поле,тогаш мора да си 100 проценти фокусиран на секој натпревар-надополни Арсен.
Медиумите на сите натпревари им даваат различно значење,но за нас е најважно да освојуваме трофеи,и да играме на секој фронт со иста посветеност.

Јохан Џуру можеби ке биде спремен за Лејтон Ориент



Стоперот на Арсенал,Јохан Џуру,можеби ке биде во можност да игра на мечот со Лејтон Ориент во недела попладне,денеска изјавија од Емирати.Тео Волкот е подготвен за игра,иако се мачеше малку со повреда.Бакари Сања исто така се враќа по суспензијата.
-Нема нови повреди.Џуру се чувствува многу подобро отколку што очекувавме,а Диаби е суспендиран,но и да не беше немаше да игра бидејки не е подготвен доволно-изјави Венгер

Арсенал 11 години нема испаднато во нокаут фазата во Лигата на Шампионите




Тимот на Арсен Венгер,Арсенал веке 11 година по ред не излегува во првата рунда(групната фаза,односно првата групна фаза според тогашниот формат на натпреварување)од Лигата на Шампионите.Топџиите,последен пат излегле од првата фаза од Лигата на Шампионите во сезоната 1999/2000 кога пред нив завршиле Барселона и Фиорентина.



Арсенал,оваа споменатата сезона 1999/2000 ја заврши на третото место на групата Б.Топџиите ја совладаа АИК Солна во два наврата,играа нерешено,со Барселона и Фиорентина,а двата пораза ги доживеаја на Вембли од Барса и Фиорентина.Тоа беше воедно и последната сезона во која Арсенал не ја виде втората рунда од натпреварите.

Следната сезона (2000/2001) Арсенал ја заврши на првото место во групата Б пред Лацио,Шахтар и Спарта со 13 освоени бодови.Во втората фаза на натпреварите завршија на второто место во новоформираната група Ц позади Баерн,а пред Лион и Спартак од Москва.Во четврт-финалето биле елиминирани од Валенсија(финалистот таа сезона) со 2-1 и 0-1.Одлучил голот на гости на Шпанците.

Во сезоната 2001/02,Арсенал завршил како второпласиран тим во групата Ц со 9 бодови,позади Панатинаикос а пред Мајорка и Шалке.Во втората рунда биле елиминирани бидејки завршиле како третопласирана екипа во групата Д,позади Леверкузен и Депортиво,а пред Јувентус.
Следната сезона биле победници на групата А.Топџиите освоија 10 бодови и својот настап во оваа група го завршиле пред Оксер,ПСВ и Борусија Дортмунд.Во следната рунда повторно беа елиминирани бидејки настапот во новоформираната група го завршиле позади Валенсија и Ајакс,а пред Рома.

Сезоната 2003/2004 укинат е форматот втора групна фаза.Така,Арсенал биле победници во групата Б со 10 бодови,завршиле пред Локомотива,Интер и Динамо Киев.Во осмина финалето подобри сме биле од Селта Виго од Шпанија со 3-2 и 2-0,а сме биле елиминирани од градскиот ривал Челзи.Било 1-1 и 1-2.

Сезоната 2004/2005 нашиот тим победил во групата Е кога завршиле пред ПСВ,Панатинаикос и Розенборг.Во осмина финалето подобри од Арсенал биле Баерн Минхен.

Потоа доаѓа најуспешната сезона во Лигата на Шампионите.Сезоната 2005/06.Арсенал бил победник на групата Б со 16 освоени бодови.Завршиле пред Ајакс,Тун и Спарта.Тиери Анри станал и официјално најдобар стрелец на клубот во оваа сезона и тоа токму на мечот во Прага против Спарта.Арсенал во oсмина финалето го помина Реал Мадрид,во тој легендарен двомеч во кој Анри ги издрибла четворицата одбрамбени играчи на Кралскиот Клуб и го матираше Касилјас,и тоа во Мадрид,на Сантијаго Бернабе.Во четвртфиналето падна Јувентус.Беше 2-0 и 0-0.Во полуфиналето против Виљареал било 1-0 на Хајбери,а на Ел Мадригал во Шпанија било 0-0 до последната минута кога Леман му одбранил пенал на Рикелме и го одвел Арсенал во големото финале,прв пат во нивната историја.Во финалето загубивме од Барселона со 2-1.Во сезоната во која што вкупно до финалето примивме 2 гола,во финалето примивме 2 гола за 13 минути од Блауграна.Штета!

Наредната година,Арсенал повторно бил сопрен во осмина финалето.Завршиле како победници во групата Г пред Порто,ЦСКА и Хамбургер.Во осмина финалето несреќно биле поразени од ПСВ со 1-0 и 1-1.

Во сезоната 2007/08 Арсенал групната фаза ја завршил како второпласиран тим позади Севиља,а пред Славија(која ја победивме 7-0 на Емирати) и пред Стеауа.Во осмина финалето го елиминиравме големиот Милан со 0-0 на Емирати и погодоци на Фабрегас од триесетина метри и Адебајор,на Сан Сиро.Елиминрани бевме во четвртфиналето од Ливерпул(1-1 на Емирати и на Енфилд Роуд 4-2).

Наредната сезона,топџиите беа повторно втори пред Порто,Динамо Киев и Фенербахче.Во осмина финалето ја елиминравме Рома во епски двомеч.1-0 на Емирати и 1-0 пораз на Олимпискиот стадион во Рим.Победа од 7-6 на пенали.Во четвртфиналето победа против Виљареал (1-1 и 3-0) а потоа двоен пораз од Јунајтед(1-0 и 1-3).

Минатата сезона бевме победници во групата Х со 13 бодови,пред Олимпијакос,Стандард и АЗ Алкмар.Во осмина финалето го победивме Порто(1-2 и 5-0),за да во четвртфиналето не елиминира Барселона (2-2 на Емирати и пораз од 4-1 на Камп Ноу).


Ова е значи,единаестта сезона како Арсенал ја поминува првата фаза во Лигата на Шампионите.Сега не чека реваншот со Барселона,и да се надеваме дека повторно ке поминеме во четвртфиналето.

Добредојдовте на Arsenal The Pride Of London-Македонија

Добредојдовте на Arsenal The Pride Of London-Македонија блогот.Овде ке постираме најнови информации околу фудбалскиот клуб од Англија,Арсенал.

Поздрав,и следете не на Фејсбук

http://www.facebook.com/pages/Arsenal-The-Pride-Of-London/120467194675726?v=wall