вторник, 27 септември 2011 г.

Прес конференција пред мечот со Олимпијакос

Жервињо заради повреда на мускулатурата на едната нога,а Кошчиелни заради повреда на зглобот нема да може да игра против Олимпијакос,можеби ке можат во недела.

Венгер:Има голем притисок над играчите во средниот ред без Џек.Тој ке се врати и ке ни помогне да ја завршиме сезоната одлично.
Многу барам од Робин,и тоа тој одлично го извршува.Постигна 26 гола на последните 31 меч.Има уште 2 години од договорот.Тоа е многу време.

Секој знае дека Микел е одличен играч.Тој се вклопи многу добро во тимот.

Имаме почит кон Олимпијакос.Го гледав мечот со Марсеј,и тие навистина одиграа добро.

Артета:Секој сака да победи во ЛШ.Ние знаеме дека го можеме тоа.

Венгер заврши:Беше навистина олеснување што операцијата на Џек помина добро.Медицинскиот тим не направи грешка.

понеделник, 26 септември 2011 г.

Арсен Венгер:Зошто го направив Робин капитен

Венгер го назначи за капитен Робин Ван Перси заради почитта во соблекувалната што ја стекна со однесувањето на теренот и надвор од него.
Холанѓанецот ја презеде капитенската лента летово по заминувањето на Фабрегас во Барселона со што беше уште едно големо постигнување на поранешниот напаѓач на Феенорд,кој во саботата стана 17тиот човек кој постигна 100 или повеке голови за Арсенал.

По натпреварот,Французинот објасни зошто му ја дал улогата на капитен.
„Робин стана зрел од момчето што беше малку емотивно кога дојде тука до човекот што е денес.
Беше тешко да предвидиш,но тој е интелегентен,зборува со паметот и вие исто така можете да зборувате со него.Прима совети и воглавно се разви многу добро.
Мислам дека има комбинација на лидерство на теренот.Тој е технички голем талент,секако,добива и почит од другите.Сега го подобри и другиот дел,а тоа е зборувањето со својот памет.“-кажа менаџерот на топџиите.
„Се сеќавам еднаш ситуација со Лилијам Турам,ме викна во соблекувалната и ми рече јас сум во соблекувалната,но тие не ме слушаат.А,јас му реков,ти го освои Светското Првенство,мора да зборуваш.
Рече,јас не сум обичен играч,па затоа не мислам дека треба да зборувам.Но,тоа е исто така поврзано и со твојата самодоверба“-заврши Венгер.

недела, 25 септември 2011 г.

Манчестер Сити нудат 33 милиони евра за Робин Ван Перси

Манчестер Сити ке испратат понуда од 30 милиони фунти за Ван Перси од Арсенал,доколку клубот и играчот не постигнат нов договор до Јануари.
Изворите блиску до Робин тврдат дека тој е разочаран од заминувањето на Насри и на Фабрегас ова лето.
Ван Перси постигна 2 гола во победата на Арсенал од 3-0 против Болтон во саботата,но ако одлучи да оди по чекорите на поранешните соиграчи,ке му помогне и фактот дека Арсенал го имаше најлошиот старт во домашното првенство во последните 58 години.
Договорот на Ван Перси,вреден 80.000 фунти неделно,истекува во 2013,што значи дека клубот ке мора да го продаде следното лето ако сака повеќе пари да земе од него.
Со договорите на Вермален и на Волкот исо така што истекуваат во 2013,спортскиот директор на Арсенал,Иван Газидис ке мора да го убеди Ван Перси да остане.
Во саботата,Венгер ја потврди важноста на напаѓачот во Арсенал откога Робин го постигна својот 100 гол во дресот на Арсенал,и им ја донесе само втората победа во 6 натпревари во Англија оваа сезона.


Ван Перси имаше понуди да замине и претходно.Тој потпиша нов договор во 2009 година,иако Јувентус,Интер и Челзи сакаа да го видат во своите редови.Но,напаѓачот беше обврзан за Арсенал.
Но,заминувањето на клучни играчи,и немоќноста на Арсенал да држи приклучок со Јунајтед и Сити можеби ке бидат клучен фактор за заминувањето на холандскиот репрезентативец.Тој освои само еден трофеј со Арсенал,воедно и последниот на клубот,ФА Купот во 2005.

ИЗВОР: ДЕЈЛИ МЕЈЛ