АРОН РЕМЗИ беше капитен на Велс во поразот од Австралија на домашен терен со 2-1.Ремзи излегол од игра на почетокот на второто полувреме.
ЖЕРВИЊО постигна 2 гола во фантастичен меч на Брегот на Слоновата Коска против Израел и победа со 4-3.Жервињо бил заменет по 88 минути игра.
САМИР НАСРИ И БАКАРИ САЊА и двајцата биле стартери на мечот за Франција против Чиле кој завршил 1-1.Насри играл 66 минути,а Сања бил заменет на 9 минути пред крајот.
АНДРЕЈ АРШАВИН играше 31 минута пред да биде заменет заради повреда која не е сериозна.Русија ја победи Србија со 1-0 со голот на Павел Погребњак.
НИКЛАС БЕНТНЕР играше цело прво полувреме за Данскиот состав кој загуби со 2-1 на гостувањето во Шкотска.
ВОЈЧЕЈ ШЧЕЗНИ бранел за Полска во победата на неговата репрезентација со 1-0 против репрезентацијата на Грузија.По информациите Грузијците имале 100% шанса во 61 минута,но Шчезни одлично интервенирал.
ЈОХАН ЏУРУ играше за Швајцарија во победата со 2-1 против Лихтенштајн.Џуру бил заменет во 64 минута.
ТОМАШ РОСИЦКИ играше до 67 минута во поразот на својата селекција од Норвешка на гости со резултат 3-0.
АРМАНД ТРАОРЕ нема инфо за неговиот настап против Мароко,знаеме само дека Сенегал загубиле 0-2.