среда, 6 јули 2011 г.

Дрим Тимот на Арсенал - Стартните 11

Летово,одговорните на Arsenal.com ги прашаа фановите кои би биле според нив идеалните 11-мина на Арсенал.Имало само 2 правила,не смеат играчите да бидат од сегашниот тим,и мораат да бидат во формација 4-4-2.Над 12.000 фанови низ целиот свет гласале и еве како излезе гласањето...

                                                            Голман - Давид Симен
Ли Диксон                                Тони Адамс                Сол Кембел      Најџел Винтербурн
Фреди Љунберг                        Патрик Виера            Лиам Бреди             Роберт Пирес
                                               Денис Бергкамп        Тиери Анри

(формацијата е од десен бек кон лев бек,и од десно крило кон лево крило.значи Диксон е десен бек Винтербурн е лев,Љунберг е десно крило,Пирес е лево)



вторник, 5 јули 2011 г.

Англија прва во својата група на Светското Првенство за жени во Германија

Еве нешто добро.На СП за жени,Англиската фудбалска репрезентација заврши прва во својата група во конкуренција на Јапонија,Нов Зеланд и Мексико,со биланс на 2 победи и еден нерешен резултат.Одлично ги одиграа своите натпревари и фудбалерките на Arsenal Ladies,Елен Вајт,Рејчел Јенки (најискусната во репрезентацијата) и Фаје Вајт (која мислам дека воопшто и не играше).Во видеото погледнете го евроголот со неверојатен лоп на Елен Вајт и голот на Рејчел Јенки.Англија ја победи Јапонија со 2-0,и како првопласирана селекција се пласираше во четвртфиналето.Јенки влезе од резервите на почетокот на второто полувреме.БРАВО ДЕВОЈКИ ВИ ПОСАКУВАМЕ СРЕЌА !!!

Англија - Јапонија (головите и најинтересните моменти)

недела, 3 јули 2011 г.

Насри:Парите никогаш не ми биле мотивација

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал,Самир Насри изјави дека титулите му биле поголема мотивација од парите,одбивајки 90.000 фунти зголемување на платата и продолжување на договорот.
Тој се двоуми дали да се врати во тренинг центарот на Арсенал,за предсезонските пријателски натпревари во Азија,кога и формално ке побара да го напушти клубот.
-Парите никогаш не ми биле мотивација.Секогаш сум ги гледал работите од фудбалска гледна точка-изјави Насри за News Of The World.
-Не сакам да потпишам за клуб,каде нема да го играм фудбалот што го сакам,каде нема да се чувствувам среќно,само заради парите.И така веќе заработувам многу.Приоритетот е да направиш голема кариера и да освојуваш многу титули.Тоа е поважно од се.
-Без титули на твоето конто не можеш да конкурираш за Златната Топка.Дојдов во Англија да освојувам титули затоа што ништо немам освено во кариерата освен Европското Првенство У-17 во 2004.
-Сите ние мора да престанеме да се опуштаме и да почнеме да работиме сериозно - заврши Самир Насри.


ИЗВОР

сабота, 2 јули 2011 г.

Жервињо:Не ме споредувајте со Маруан Шамак

Репрезентативецот на БСК ке биде првото засилување на Венгер летово и тој изјави вчера дека има уште некои мали детали за да се комплетира трансферот од 11 милиони фунти.
-Одам во Лондон.Арсенал е млад тим и таму ке можам да се развивам побрзо и да созревам.-изјави 24 годишникот.
Жервињо ги отфрли дискусиите дека ке се бори за место во првиот тим покрај Робин Ван Перси и Маруан Шамак,чија позиција се очекува да ја завземе.
-Маруан Шамак не ми е проблем,па зошто да ме споредувате со него.Јас ке играм.Ке го играм својот максимум и нема да седам на клупата.
-Арсенал сака да игра.А јас ги обожавам екипите што сакаат да играат.Најголемиот ризик ке биде да постигнувам голови.Во фудбалот секогаш треба да ризикуваш ако сакаш да победиш.Одам во Арсенал за да победувам.- заврши Жервињо.