Манчестер Сити ке испратат понуда од 30 милиони фунти за Ван Перси од Арсенал,доколку клубот и играчот не постигнат нов договор до Јануари.
Изворите блиску до Робин тврдат дека тој е разочаран од заминувањето на Насри и на Фабрегас ова лето.
Ван Перси постигна 2 гола во победата на Арсенал од 3-0 против Болтон во саботата,но ако одлучи да оди по чекорите на поранешните соиграчи,ке му помогне и фактот дека Арсенал го имаше најлошиот старт во домашното првенство во последните 58 години.
Договорот на Ван Перси,вреден 80.000 фунти неделно,истекува во 2013,што значи дека клубот ке мора да го продаде следното лето ако сака повеќе пари да земе од него.
Со договорите на Вермален и на Волкот исо така што истекуваат во 2013,спортскиот директор на Арсенал,Иван Газидис ке мора да го убеди Ван Перси да остане.
Во саботата,Венгер ја потврди важноста на напаѓачот во Арсенал откога Робин го постигна својот 100 гол во дресот на Арсенал,и им ја донесе само втората победа во 6 натпревари во Англија оваа сезона.
Ван Перси имаше понуди да замине и претходно.Тој потпиша нов договор во 2009 година,иако Јувентус,Интер и Челзи сакаа да го видат во своите редови.Но,напаѓачот беше обврзан за Арсенал.
Но,заминувањето на клучни играчи,и немоќноста на Арсенал да држи приклучок со Јунајтед и Сити можеби ке бидат клучен фактор за заминувањето на холандскиот репрезентативец.Тој освои само еден трофеј со Арсенал,воедно и последниот на клубот,ФА Купот во 2005.
ИЗВОР:
ДЕЈЛИ МЕЈЛ